FAQ

БлокМАКС за деца

1. На која возраст на детето можам да почнам да му давам БлокМАКС за деца?

БлокМАКС за деца може да почнат да пијат мали дечиња на возраст од 3 месеци, со телесна тежина над 5 kg, соодветно дозиран.

2. Колку време трае третманот на покачената телесна температура по вакцинација кај дечињата со БлокМАКС за деца?

Третманот на покачената телесна температура по вакцинација со БлокМАКС за деца трае само 24 часа (1 ден), при што се дава 1 мало лажиче (5 ml), поделено во 2 дози.


БлокМАКС / БлокМАКС Форте

1. Што претставува ибупрофен?

Ибупрофен претставува лек од групата нестероидни антиинфламаторни лекови, дериват на пропионската киселина, кој ја спречува синтезата на простагландини.
Простагландините, всушност, се материи коишто се создаваат во организмот при најразлични процеси (најчесто воспаленија) и доведуваат до појава на болка и на покачена телесна температура.

2. Дали смеам да пијам таблети БлокМАКС / БлокМАКС Форте заедно со храна?

Не е неопходно, но возможно е да се зема доколку пациентот има проблеми со желудникот.

3. Колку максимум таблети БлокМАКС / БлокМАКС форте дневно може да се испијат?

Во тек на еден ден (24 часа) можат да се испијат максимум 6 таблети БлокМАКС, односно максимум 3 таблети БлокМАКС форте.

4. Каде можам да набавам таблети БлокМАКС / БлокМАКС Форте?

Во секоја аптека и без лекарски рецепт.

Зошто БЛОКМАКС?

Затоа што е лек од избор за третман на различни видови болка, вклучувајќи:

главоболка

болка во грбот

мускулни болки

ревматски болки

забоболка

Зошто БЛОКМАКС за деца?

Затоа што безбедно и ефикасно ја намалува покачената телесна температура.