БлокМАКС за децаIbuprofen

Ефикасен при покачена телесна температура.

Пријатен вкус и мирис на кајсија.

Состав

5 ml перорална суспензија содржи 100 mg ибупрофен.

Дејство

БлокМАКС за деца претставува лек од избор за третман на покачена телесна температура и на болка, кај дечиња од 3-месечна до 12-годишна возраст.

Индикации

БлокМАКС за деца овозможува брзо и ефикасно намалување на:

  • покачена телесна температура, вклучувајќи и пирексија (покачена телесна температура) по вакцинација
  • болка при растење на забите;
  • други помали болки и болки при повреди.

Дозирање

Пред секоја употреба, суспензијата БлокМАКС за деца треба добро да се протресе. За дозирање треба да се користи градуираната чашка.

Намалување покачена телесна температура, болка при растење на забите, други помали болки и болки при повреди.
Возраст Доза
Мали деца на возраст од 3 до 6 месеци со телесна тежина над 5 kg. Доза од 2,5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
Мали деца на возраст од 6 до 12 месеци. Доза од 2,5 ml може да се земе 3-4 пати во тек на 24 часа.
Деца на возраст од 1 до 3 години. Доза од 5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
Деца на возраст од 4 до 6 години. Доза од 7,5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
Деца на возраст од 7 до 9 години. Доза од 10 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
Деца на возраст од 10 до 12 години. Доза од 15 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
Дозите треба да се даваат приближно на секои 6-8 часа. Треба да поминат најмалку 4 часа меѓу дозите.
БлокМАКС за деца е наменет за краткотрајна употреба.
БлокМАКС за деца не треба да се дава подолго од 24 часа (3 дози) на деца од 3- до 6-месечна возраст.
БлокМАКС за деца не треба да се дава подолго од 3 дена на деца од 6-месечна возраст или на постари.
Покачена телесна температура по имунизација
Возраст Доза
Деца постари од 3 месеци со телесна тежина над 5 kg. Доза од 2,5 ml проследена со една дополнителна доза 6 часа подоцна, доколку тоа е неопходно.
Да не се земаат повеќе од две дози од 2,5 ml во тек на 24 часа.

Пакување

Кутија која што содржи 1 шише со 100 ml суспензија, пластична градуирана чашка за дозирање и упатство за пациентот.

Начин на издавање на лекот

Лекот може да се издава и без лекарски рецепт (БР).

blok maks likovi